Достапни линкови

Крак од јужниот тек за Македонија - ако се исплати


Министерството за финансии на својата веб страница го објави договорот со Руската Федерација за вклучување на Република Македонија во гасоводниот проект „Јужен тек“. Со договорот се предвидува изградба на крак за Македонија за достава на природен гас „во случај да се потврди целисходноста на проектот гасовод – крак“. Согласно член 2 од документот, македонската и руската страна се обврзуваат да „извршуваат анализа чија цел е одредување на техничката, економската, еколошката и финансиската оправданост на реализацијата на проектот гасовод – крак“. Ако се утврди целисходноста на инвестицијата, согласно потпишаниот договор, двете страни ќе формираат заедничка компанија која ќе ја врши изградбата на кракот.
XS
SM
MD
LG