Достапни линкови

logo-print

Лилчиќ на местото на Паско Кузман


Виктор Лилчиќ

Виктор Лилчиќ


Директор на Управата за заштита на културно наследство ќе биде Виктор Лилчиќ, професор на Филозофскиот факултетет и доктор на археолошки науки.
Владата на вчерашната седница го наименувала Виктор Лилчиќ, а периодот на мандатот, согласно законот, изнесува четири години. Истовремено и официјално e констатиран престанокот на мандатот на досегашниот директор Паско Кузман, кој пред неколку месеци ги исполни условите за старосна пензија и продолжи да го врши раководењето со институцијата до назначувањето на новиот директор. Во меѓувреме, Паско Кузман е осомничен за злоупотреба на службената положба, и е во домашен притвор.
XS
SM
MD
LG