Достапни линкови

САД ги заоструваат санкциите против Иран


Американскиот Конгрес расправа за проширување на санкциите против Иран поради неговата нуклеарна програма. Во претставничкиот дом деновиве треба да биде изгласан предлогот според кој би се вовеле натамошни рестрикции за извоз на нафтата од Иран, односно за уште милион барели дневно. Доколку помине овој предлог, можат да се очекуваат критики од Кина и од Индија, кои се најголеми увозници на иранска нафата, а веројатен е и растот на цените на нафтата на светските берзи.
XS
SM
MD
LG