Достапни линкови

logo-print

Аранч: наесен можни нови протести во Турција


турскиот вицепремиер Булент Аранч

турскиот вицепремиер Булент Аранч

Турската влада добила најави дека по завршувањето на летото во земјата се можни нови протести, слични на оние за паркот Гези во Истанбул. Ова во интервју за турската национална радио и телевизија ТРТ го изјави турскиот вицепремиер Булент Аранч, според кого протестите ќе биле организирани под различни форми. Тој потенцира дека целта на протестите би била да се дестабилизира состојбата во земјата пред локалните избори што треба да се оддржат во март следната година, да биде ослабена владата и да биде оневозможена владејачката Партија на правдата и развојот да победи на изборите. „Ние нема да дозволиме нови протести, слични на оние од паркот Гези во Истанбул и ако ги има, тие пак ќе бидат задушени“, изјави Аранч, оценувајќи дека јунските протести веројатно имале за цел соборување на турската влада.
XS
SM
MD
LG