Достапни линкови

Откриено оружје на бродот од Куба за Северна Кореја


Властите во Панама откриле мотори за борбени авиони на запленетиот севернокорејски брод кој доаѓаше од Куба. Истрагата открила 12 мотори за Миг-21, како и некој тип на радарски уреди. Властите соопштуваат дека во бродот се уште има непребарани делови кои допрва треба да се истражат. Куба првично наведе дека бродот носел донација на шеќер за Северна Кореја, но откако беше пронајдено оружје, Хавана призна дека на бродот има „застарено“ оружје кои се носи во Северна Кореја на поправка. Владата на Панама побара од Советот за безбедност на ОН да го испита случајот поради загриженоста дека се крши ембаргото за оружје на Северна Кореја.
XS
SM
MD
LG