Достапни линкови

Менинг виновен за шпионажа, но не и за „помагање на непријателот“


Поранешниот американски разузнавачки аналитичар Бредли Менинг.

Поранешниот американски разузнавачки аналитичар Бредли Менинг.

Поранешниот американски разузнавачки аналитичар Бредли Менинг не е виновен за помагање на непријателот, одлучи Воениот суд. Тоа беше највисокото обвинение против него и доколку го осудеа можеше да добие доживотен затвор, без можност за помилување. Менинг беше обвинет дека предал американски воени тајни на Викиликс. Сепак, судот одлучи дека Менинг е виновен по пет точки од обвинението за шпионажа, пет точки од обвинението за кражба и за неколку други прекршувања. Тој призна дека на Викиликс испратил повеќе од 470 илјади извештаи, дипломатски телеграми и друг материјал за војната во Ирак и 250 илјади за воените активности во Авганистан.
XS
SM
MD
LG