Достапни линкови

Претседателски и парламентарни избори во Зимбабве


Роберт Мугабе.

Роберт Мугабе.

Во Зимбабве денеска се одржуваат претседателски и парламентарни избори. За претседател на државата, гласачите избираат меѓу долгогодишниот лидер Роберт Мугабе и премиерот Морган Цвангираи, кои по третпат се ривали за највисоката функција во земјата. Мугабе кој има 89 години изјави дека ќе се повлече од функцијата доколку загуби на изборите, но постои загриженост како во Зимбабве, така и надвор, дека Мугабе и неговата партија ќе ги монтираат изборите. Мугабе е лидер на Зимбабве од стекнувањето независност од Британија во 1980 година.
XS
SM
MD
LG