Достапни линкови

logo-print

Формиран конзорциум за изградба на Транс-јадрански гасовод


Мапа за Транс-јадранскиот гасовод.

Мапа за Транс-јадранскиот гасовод.

Азербејџанската државна нафтена компанија СОКАР е една од компаниите што го формираа конзорциумот за изградба на Транс-јадранскиот гасовод(ТАП), кој треба да пренесува азербејџански гас со Европа, преку рута поддржана од ЕУ. Партнери на СОКАР во изградбата на 870 километри долгиот гасовод се британската компанија Бритиш петролеум, норвешката Статоил, француската Тотал, белгиската Флуксис, германската Е.ОН и швајцарската компанија Акспо. Кога ќе го достигне полниот капацитет, ТАП треба да пренесува околу 20 милијарди метри кубни гас од азербејџанското наоѓалиште Шах Дениз до Европа, преку Грција, Албанија и Италија. Изградбата на гасоводот треба да почне во 2015, а да заврши во 2018 година.
XS
SM
MD
LG