Достапни линкови

logo-print

Ахмети: Има несогласувања во коалицијата околу името


Лидерот на ДУИ Али Ахмети на брифинг со новинарите изјавил дека постојат големи очекувања во врска со спорот за името на средбата меѓу американскиот претседател Барак Обама и грчкиот премиер Андонис Самарас. Ахмети го повторил ставот на коалицискиот партнер, дека името Горна Македонија е прифатливо, додавајки дека има несогласувања во коалицијата во врска со ова прашање, пренесуваат македонските медиуми. „ВМРО-ДПМНЕ не сака јавна дебата за ова прашање, а ДУИ мисли дека е неопходна. Разлики има и кога е идентитетот во прашање. По консултациите што ги направивме со повеќе меѓународни центри, мислиме дека не е загрозен идентитетот на нашите сограѓани-Македонци, а ВМРО-ДПМНЕ го мисли спротивното“ изјавил Ахмети.
XS
SM
MD
LG