Достапни линкови

Израел и Палестинците може да договорат мир за 9 месеци


Американскиот државен секретар Џон Кери изјави дека Израел и Палестинците се согласиле да се обидат да постигнат мировен договор во следниве девет месеци. Според него, преговарачите од двете страни повторно ќе се состанат во следниве две недели за продолжување на преговорите. Изјавата на државниот секретар следи по втората рунда разговори на преговарачитре на Израел и Палестинците во Вашингтон денеска. Кери инсистираше деталите од средбата да се држат во тајност. Медијатор во разговорите е поранешен американски амбасадор во Израел Мартин Индјик а американскиот претседател Барак Обама претходно се состана со претставниците на двата преговарачки тимови.
XS
SM
MD
LG