Достапни линкови

logo-print

Обама се сретна со израелските и палестинските преговарачи


Американскиот претседател Барак Обама се сретна со шефовите на преговарачките тимови на Палестинците и Израел. Средбата зад затворени врати се случи по најавите за втора рунда мировни преговори кои денеска треба да продолжат во Вашингтон. Американскиот државен секретар Џон Кери ќе биде домаќин на средбата во која како посредник е назначен поранешниот американски амбасадор во Израел. Кери побара деталите од разговорите да се држат во тајност.
XS
SM
MD
LG