Достапни линкови

logo-print

Преписки меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ за гасификацијата



СДСМ инсистира Владата на јавноста да и соопшти што договорила со Руската Федерација околу гасификацијата. „За граѓаните на Македонија не се доволни фалбите на власта дека самото потпишување на договорот чија што содржина не ја знаеме е голем успех за државата“ стои во соопштението од СДСМ. Според опозициската партија, само со објавувањето на договорот „ќе се отфрлат сите сомнежи во однос на искреноста на Владата да го реализира проектот за гасификација на Македонија“.

Со потпишувањето на договорот е осигурана енергетската независност на земјава во наредните 50 години, се наведува во реакцијата на владеачката ВМРО – ДПМНЕ. „Заслугите на ВМРО-ДПМНЕ се двојно поголеми бидејќи успеа да искористи пропуштена шанса на претходната влада на СДСМ, која не мрдна со прст кога земјите во регионот настојуваа да влезат во меѓународниот гасовод“ се наведува во реакцијата на владеачката партија.
XS
SM
MD
LG