Достапни линкови

ЕУЛЕКС останува на Косово


Високи претставници на Европската унија изјавија дека и покрај економските потешкотии во ЕУ, се планира мисијата на ЕУЛЕКС на Косово да продолжи да функционира и по истекување на нејзиниот мандат во јуни следната година, пишува приштинскиот весник „Трибуна“. „Ќе има промени, но не и затворање на мисијата“, изјави за весникот европски претставник, кој прецизираше дека мисијата ќе биде преструктуирана, а нејзиниот состав ќе биде намален. Според изворите на „Трибуна“ од сегашниот состав на ЕУЛЕКС ќе се оддели како самостоен оддел тимот на обвинители и иследници, кои ги истражуваат тврдењата за трговија со човечки органи, изнесени во извештајот на пратеникот на Советот на Европа Дик Марти.
XS
SM
MD
LG