Достапни линкови

logo-print

Законот за медиуми во собраниска процедура


Едните се противат, другите го поддржуваат новиот закон за медиуми. Но, сите новинари и претставници на медиумски здруженија кои присуствуваа на јавната расправа во Собранието имаа забелешки за текстот.

Едните се противат, другите го поддржуваат новиот закон за медиуми. Но, сите новинари и претставници на медиумски здруженија кои присуствуваа на јавната расправа во Собранието имаа забелешки за текстот. Предлагачот на законот, министерот за информатичко општество Иво Ивановски, уште еднаш повтори дека нивна цел е да ги заштитат новинарите од сопствениците.
Предлагаме закон каде што ќе се продолжи медиумскиот сектор да се развива, да се подобри ситуацијата во која за жал сега се наоѓаме, предлагаме закон со којшто плурализмот ќе продолжи да живее, да продолжат да се развиваат медиумите, да се заштитат новинарите, да се заштитат и од сопствениците.

„Предлагаме закон каде што ќе се продолжи медиумскиот сектор да се развива, да се подобри ситуацијата во која за жал сега се наоѓаме, предлагаме закон со којшто плурализмот ќе продолжи да живее, да продолжат да се развиваат медиумите, да се заштитат новинарите, да се заштитат и од сопствениците и да имаат поголема одговорност сопствениците на медиумите“, вели Ивановски.

Претседателката на ССНМ Тамара Чаусидис вели дека не е точно оти законот ќе го зацврсти статусот на новинарите.

„Овој закон всушност не ги допира вистинските прашања. Тој дозволува вработените во медиумите да бидат непријавени или да бидат држени на краток синџир со договори за вработување од по еден, три или шест месеци. Каква слобода има ваков новинар? Контролата врз новинарите и слободата на изразување се гуши токму преку социјалните притисоци и отпуштања“, вели Чаусидис.
Овој закон всушност не ги допира вистинските прашања. Тој дозволува вработените во медиумите да бидат непријавени или да бидат држени на краток синџир со договори за вработување од по еден, три или шест месеци. Каква слобода има ваков новинар?

Дејан Ѓорѓиевски од Центарот за развој за медиуми вели дека законот е непотребен, бидејќи ја ограничува слободата на примање и пренесување информација.

Новинарката Мирка Велиновска, пак, предлага да се воведат лиценци за новинарите, за да се зачува нивниот легитимитет.

„Ние ќе се распоредиме, ќе си се дефинираме и ќе се препознаваме, сме ли новинари, работиме ли за јавен интерес и да едуцираме, просветуваме луѓе сами да донесуваат заклучоци или ќе правиме манипулации за да обезбедуваме раја која ќе следи одредени политики“, вели Велиновска.

Според заменик уредничката на телевизија Сител, Ивона Талевска, законот за медиуми ќе ја гарантира правната сигурност на новинарите.

„Тоа значи дека новинарите правно и социјално ќе бидат сигурни и заштитени, и од политичките елити и од бизнис елитите и, како што рече самиот министер, ќе се регулираат односите кон сопствениците на медиумите“, рече Талевска.

Законот за медиуми, освен низа реакции од домашната јавност, беше под критика и од меѓународната заедница.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG