Достапни линкови

Охрид ја призна лошата туристичка слика


Охриѓани бараат да се стави ред во работењето на угостителските објекти. Градоначалникот призна дека цените на услугите се високи, а стопанствениците ја критикуваат лошата инфраструктура до Охрид.

Оваа туристичка сезона во Охрид како никогаш досега отворено се зборува за проблемите со кои градот се соочува со години наназад, а кои никако да се решат. Жителите на стариот дел на Охрид со отворено писмо до градските власти во Охрид бараат да стават ред во работењето на угостителските објекти од каде допира гласна музика до раните утрински часови и ги остава жителите без сон секое лето.
Сведоци сме на неодговорното однесување на дел од угостителските објекти и нивно понатамошно тероризирање на гостите и жителите на целиот град. Законските одредби, работното време и одлуките на Советот на Општина Охрид не се почитуваат.

„И поле десет дена од испраќањето на барањето од страна на нашата урбана заедница до градските власти во Охрид за воведување на ред во работата на угостителските објекти не само што не е превземено ништо туку сме сведоци на неодговорното однесување на дел од угостителските објекти и нивно понатамошно тероризирање на гостите и жителите на целиот град. Законските одредби, работното време и одлуките на Советот на Општина Охрид не се почитуваат“, се вели во реакцијата од Месната заедница Стар град.

Од таму очекуваат надлежните институции да преземат конкретни мерки за ставање ред во работата на угостителските објекти. За сега нема одговор од надлежните локални институции, но затоа пак градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески призна дека за Охрид во земјата и регионот се шири лоша
Охрид и онака е инфраструктурно слепо црево. Ние уште не сакаме да ја признаеме конкурентноста што настана во соседните земји во Албанија, Бугарија и Грција. Кога тоа ќе го признаеме ќе ја разрешиме целата ситуација.
слика, како град со високи цени на услугите

„Мое лично убедување е дека цените на угостителските услуги се нешто повисоки. Имаме недоволно изградени пакет аранжмани. Сметам дека имиџот на Охрид во овој момент е многу лош. Јавноста во Македонија и потенцијалните туристи сметаат дека угостителските услуги во Охрид се прескапи. Затоа една од активностите треба да биде можноста за намалување на цените на угостителските услуги. И тоа е значаен чекор во менување на имиџот на Охрид како град со многу скапи услуги“, рече Бакрачески.

Бакрачески вели дека според статистичките показатели ова лето има намалување на бројот на домашни гости, но зголемување на странските туристи.

Првиот човек на стопанската комора на Македонија, Бранко Азески вели дека лошата инфраструктура до Охрид си го прави своето.

„Треба да се почне изградбата на автопатското поврзување макар тоа било и до Мешеишта. Охрид и онака е инфраструктурно слепо црево. Ние уште не сакаме да ја признаеме конкурентноста што настана во соседните земји во Албанија, Бугарија и Грција. Кога тоа ќе го признаеме ќе ја разрешиме целата ситуација. Нашите пратеници, претседатели, треба деноноќно да лобираат за подобрување на инфраструктурата“, рече Азески.
XS
SM
MD
LG