Достапни линкови

Џафери: Не е ислучена посетата на споменикот во Супчане


Архива - 2012 - Делегацијата на владата на Македонија предводена од заменик претседателот Муса Џафери положи цвеќе на споменик на припадниците на ОНА во село Слупчане – општина Ликово

Архива - 2012 - Делегацијата на владата на Македонија предводена од заменик претседателот Муса Џафери положи цвеќе на споменик на припадниците на ОНА во село Слупчане – општина Ликово

Тоа се дневни активности, а јас како министер сум претставник на сите граѓани и не е исклучена и таа можност и не гледам причина зошто да не, одговори министерот за одбрана Талат Џафери на новинарското прашање дали оваа година во август ќе го посети споменикот на ОНА во Слупчане и во која функција. На барање на новинарите да појасни дали евентуалната посета би била официјална на министер или ќе биде во друга функција, Џафери со дообјаснување: „Ако има официјален и неофицијален министер тогаш може да го третирате како што сакате“. Лани тогaшниот министер за одбрана Фатмир Бесими положи цвеќе на споменикот на УЧК во Слупчане. Настанот предизвика низа реакции, меѓу кои и од Владата, од каде посочиja дека одлуките за одбележување на некој настан со присуство на официјална владина делегација и нејзиниот состав ги носи Владата со заклучок. Владата лани соопшти дека нема донесено одлука за официјално одбележување на настанот кој се случи во Слупчане ниту пак има испратено владина делегација на таков настан. Од настанот, минатата година се оградија и ГШ на АРМ и владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
XS
SM
MD
LG