Достапни линкови

Хелсиншки - Лустрацијата како инквизиција


Хелсиншкиот комитет во тромесечниот извештај констатира дека процесот на лустрација во Македонија е класичен пример за инквизиторска постапка. Дел од забелешките се однесуваат и на повреди на право на граѓаните на разни протести или додека го изразувале своето право на глас.

Хелсиншкиот комитет во изминатиов период посветува големо внимание на процесот на лустрацијата во Македонија и повторно потенцира дека власта го користи овој процес за справување со политичките противници. Во тромесечниот извештај Хелсиншки констатира дека наспроти постулатите на Советот на Европа дека процесот на расчистување со минатото мора да биде заснован врз принципите на законитост и правичност, процесот на лустрација во Македонија, како што се наведува, е класичен пример за инквизиторска постапка во која обвинетите лица воопшто не се сослушуваат и немаат можност да се бранат.
Јас би се осврнала малку повеќе на прашањето кој се е жртва во овој процес на лустрација и мене ако ме прашате мислам дека веќе е дојдено време имајќи го во предвид законот да се направи една добра анализа на овие состојби во овој правец.

„Јас би се осврнала малку повеќе на прашањето кој се е жртва во овој процес на лустрација и мене ако ме прашате мислам дека веќе е дојдено време имајќи го во предвид законот да се направи една добра анализа на овие состојби во овој правец“, изјави судијката Маргарита Цаца Николовска која е член на Управниот Одбор на Хелсиншкиот комитет.

Доколку Управниот суд не ја обезбеди тајноста на личните податоци, заштитата на личниот интегритет, почитувањето на приватноста, семејниот живот, достоинството и угледот, Комитетот е убеден дека правдата биде задоволена пред Европскиот суд за човекови права се вели во извештајот.

Дел од забелешките на Хелсиншкиот комитет во изминатиот период се однесуваат и на повреди на право на здружување и слобода на изразување преку форма на протест или јавен собир. Комитетот ги проследил протестите против одлуката за „Екстерно тестирање“ и констатира дека средношколците се соочиле со притисок од страна на непознати лица. Во делот на полициското постапување во извештајот се наведени и поединечни случаи на повреди на човековите права во македонските затвори.

„Пораката е органите на државата да водат сметка ваквите работи кои се утврдени како факти да водат до одредени повредувања коишто завршница секако ќе имаат во суд“, вели Николовска.

Незаобиколен дел од извештајот се и локалните избори. Комитетот констатира дека избирачкото право на граѓаните се уште се загрозува од страна на директни учесници во изборниот процес односно политичките партии. Комитетот потсетува дека најголемиот дел од повредите беа констатирани во Општина Центар. Извештајот реагира и на повреди на правата на жените преку измените на законот за бременост. Усвоениот закон воведува рестриктивни механизми кои во голема мера ќе влијаат врз слободното формирање на волја кај жената дали да ја прекине бременоста или не, се вели во извештајот.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG