Достапни линкови

Ештон се сретнала со Морси


Кетрин Ештон и генерал Абдел Фатах ал Сиси

Кетрин Ештон и генерал Абдел Фатах ал Сиси

Шефицата на европската дипломатија Кетрин Ештон имала двочасовна средба со соборениот египетски претседател Мохамад Морси. Со хеликоптер на египтската армија таа во текот на ноќта била префрлена до местото каде што тој е затворен откако војската го собори од власт по антивладините протести во почетокот на овој месец. Нејзиниот портпарол Маја Коцијанчиќ на Твитер напиша дека Ештон и Морси имале длабоки разговори. Против Морси се води постапка за соработка со исламистичката група Хамас. Ештон претходно во Каиро имаше средба со шефот на египетската армија генерал Абдел Фатах ал Сиси за можноста во процесот на транзија да биде вклучено и Муслиманското братство на Морси.
XS
SM
MD
LG