Достапни линкови

Хрватска во ЕУ, сè е исто само цените се повисоки


Хрватска скоро еден месец е членка на Европската унија. Граѓаните велат дека не гледаат поголеми промени освен што сега цените за храна биле повисоки. Некои мислат дека така ќе било и да не влезеше Хрватска во Унијата.

Дел од анкетираните Хрвати за Радио Слободна Европа велат дека најпозитивна промена е слободата на движење.

„Сега кога патував, не чекав на граница. Они што доаѓаа од Босна и Србија мораа да чекаат до утрото.“

Се друго, како што велат остана исто, се разбира освен зголемувањето на цените на храната.

„Цените отидоа горе. Мислам дека состојбата е како и пред нашето влегување во Европската унија.“

Јас живеев во Југославија, па дојде Хрватска. Ништо не почувствував. Се сменија сто влади и ништо. Сега по Европската унија да влеземе и во САД, ќе ми биде исто.
„Бев во даночната управа и метежот е грозен како што обично е кај нас. Значи по тоа прашање ние и натаму сме на Балканот.“

„И натаму не шетаат од уред до уред и одиме како муви без глави со овие хартии.“

„Јас живеев во Југославија, па дојде Хрватска. Ништо не почувствував. Се сменија сто влади и ништо. Сега по Европската унија да влеземе и во САД, ќе ми биде исто.“

Големата апатија кај Хрватите е поради економската криза и големата невработеност, вели претседателот на Независните хрватски синдикати Крешимир Север.

„Се води погрешна економска и социјална политика. Дури и оние надежи на граѓаните дека ќе се случи голем пад на цените, посебно храната не се остварија.“

Ние мораме до крајот на годинава да уплатиме во буџетот на ЕУ 270 милиони евра. Тоа Хрватска едноставно мора да го плати за ова полугодие. Истовремено имаме право да повлечеме од фондовите на Унијата 670 милиони евра. Но, тоа е можно ако имаме вистински проекти.
Според Север, Унијата и самата се уште се справува со тешката економска криза па тешко ќе биде дел од невработените хрвати таму да најдат работа.

Независниот економски аналитичар Жарко Приморац вели дека има и негативни последици од влезот во Унијата, како например тешкотиите со трговијата со Босна.

Сепак, според него, вистинските ефекти ќе се знаат за шест месеци кога хрватските стопанственици ќе се соочат со пожестока конкуренција од онаа што ја имаат во регионот. Тука е и „способноста“ за користење на европските фондови.

„Ние мораме до крајот на годинава да уплатиме во буџетот на ЕУ 270 милиони евра. Тоа Хрватска едноставно мора да го плати за ова полугодие. Истовремено имаме право да повлечеме од фондовите на Унијата 670 милиони евра. Но, тоа е можно ако имаме вистински проекти. Некои работи требаше да бидат завршени пред една или две години, а не во последен час“, вели аналитичарот Приморац повторувајќи: „Вие ним треба фиксно да им платите 270 милиони евра до крајот на годинава, таков е договорот, а од Унијата имате право на пари, но само ако ги повлечете“.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG