Достапни линкови

Талибански напад врз затвор во Пакистан


Талибанските милитанти ја презедоа одговорноста за денешниот координиран напад врз еден затвор во северозападниот дел на Пакистан при што ослободиле повеќе од 250 затвореници. Полицијата во градот Дера Исмаил Кан соопшти дека пред почетокот на нападот имало неколку силни експлозии, најверојатно од поставени бомби под ѕидините на затворот. Во нападот загинале 14 луѓе, меѓу кои, шест полицајци. Се наведува дека меѓу ослободените имало и многу опасни терористи. До овие борби дојде во моментот кога пакистанскиот парламент се подготвува за денешниот избор на нов шеф на државата.
XS
SM
MD
LG