Достапни линкови

ЕУ замрзна 4,5 милиони евра наменети за БиХ


Европската унија замрзна 4,5 милиони евра за два проекти за помош на туризмот во Босна и Херцеговина поради несогласувања меѓу босанските власти за нивното спроведување. Проектите биле насочени кон стимулирање на економскиот раст на земјата преку поддршка на мали и средни претпријатија и туризмот, двете најконкурентни економски области во Босна и Херцеговина. Во јуни од истите причини беа замрзнати други пет милиони евра од фондовите на ЕУ, наменети за проекти во земјоделството и руралниот развој. Советот на претставници од БиХ и ЕУ за искористување на средства од ИПА програмата ќе се сретнат на 10 септември со цел да одлучат дали проектите ќе бидат прекинати или нивната имплементација може да продолжи.
XS
SM
MD
LG