Достапни линкови

logo-print

Рестартирани израелско- палестинските преговори


Израелските и палестинските преговарачи ги рестартираа директните преговори за прв пат по три години. Изралескиот шеф на преговарачкиот тим Ципи Ливни и неговиот палестински колега Саеб Ерекат седнаа синоќа заедно со американскиот државен секретар Џон Кери во Стејт Департментот на традиционална муслимска ифтар вечера. Ниту една од инволвираните страни по средбата не даде изјава за медиумите.
Претходно Кери го назначи поранешниот американски амбасадор во Израел Мартин Индик за медијатор во новата рунда на израелско – палестинските преговори. Мировните разговори меѓу Израел и Палестинците беа прекинати во 2010 година, откако Израел одби да прекине со проширување на населбите на Западниот брег. Израелската влада вчера одлучи да ослободи 104 палестински затвореници во знак на добра волја.
XS
SM
MD
LG