Достапни линкови

Судир на возови во Швајцарија, над 40 луѓе повредени


Илустрација

Илустрација

Два патнички воза се судрија синоќа во западниот дел на Швајцарија, при што беа повредени десетици. Државната телевизија повикувајќи се на полициски извори јавува дека повредени се 44 луѓе од кои 5 посериозно, а еден од машиновозачите загинал. Несреќата се случила на околу 50 километри југозападно од градот Берн. Портпаролот на швајцарските железници соопшти дека засега нема конкретни информации за тоа како дошло до несреќата. Возовите сообраќале во правец помеѓу Пајерн и Лозана, град на брегот на Женевското Езеро.
XS
SM
MD
LG