Достапни линкови

logo-print

Кери назначи медијатор за израелско–палестинските преговори


 Мартин Индик (десно) и Џон Кери

Мартин Индик (десно) и Џон Кери

Американскиот државен секретар Џон Кери го назначи поранешниот американски амбасадор во Израел Мартин Индик за медијатор во новата рунда на израелско – палестинските преговори кои вечерва треба да продолжат во Вашингтон. Кери ги повика двете страни да постигнат разумни компромиси. Мировните разговори меѓу Израел и Палестинците беа прекинати во 2010 година, откако Израел одби да прекине со проширување на населбите на Западниот брег. Израелската влада вчера одлучи да ослободи 104 палестински затвореници во знак на добра воља.
XS
SM
MD
LG