Достапни линкови

logo-print

Папата Францис проговори за хомосексуалците


Папата Францис изјави дека не треба да се маргинализираат хомосексуалците додавајки дека наместо да им се суди, тие треба да бидат интегрирани во општеството. Ако некој е хомосексуалец и со добра воља се врти кон Бога, кој сум јас да судам, изјави Папата во разговор со новинарите по враќање од Бразил. Тој дополнително се повика на универзалните принципи на католичката црква во кои се наведува дека покрај тоа што хомосексуалноста не се смета за грев, хомосексуалните постапки се грешни. Папата Францис исто така рече дека забраната за жени свештеници е конечна но изрази надеж дека жените ќе се пробијат на повлијателни функции.
XS
SM
MD
LG