Достапни линкови

logo-print

Косово ќе отвора нови амбасади


Косово ќе го зголеми бројот на дипломатите во САД и во Брисел и ќе отвори дипломатски претставништва во Црна Гора и во Египет, изјави за весникот „Коха диторе“ портпаролот на Министерството за надворешни работи Артан Бехрами. „ Отворањето нови претставништва ќе биде база за анализа на нашите цели на надворешната политика“ рече Бехрами. Тој додаде дека е неопходно да се зголеми бројот на претставниците на Косово во Брисел, затоа што таму ќе се развива дејноста поврзана со европската интеграција на земјата.
XS
SM
MD
LG