Достапни линкови

Иницијативност покрај застој во работата на комисијата за 24 декември


ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да биде конструктивен дел од Комисијата за расчистување на настаните пред и на 24 декември во Собранието, како што беше и досега, изјави денеска Илија Димовски кој повторно апелираше до СДСМ активно да се вклучи во овој процес. „Ние продолжуваме да влијаеме врз продолжувањето на работата на Комисијата. Тоа е еден од врвните приоритети што во моментов ги има Република Македонија и не заради политичките позиции на партиите туку заради интересот на Република Македонија и заради сите нејзини граѓани“ рече Димовски.

Опозициската СДСМ пак, смета дека ако требало Комисијата да работи без претседател, таа би почнала со работа уште на 16 март, а не на 11 јуни. „ СДСМ направи се, покажа политичка волја, испочитува се од мартовскиот договор, се врати во Собранието, предложи свои кандидати во Комисијата кои активно учествуваа во нејзината работа. СДСМ не може да ги преземе и одговорностите на власта и ВМРО-ДПМНЕ“ изјави генералниот секретар на партијата Оливер Спасовски.
XS
SM
MD
LG