Достапни линкови

logo-print

Раст на индустриското производство од 1,9 отсто


Индустриското производство во јуни годинава во однос на јуни лани бележи пораст 1,9 отсто, објави Државниот завод за статистика. Според објавените податоци, индустриското производство бележи пораст од 1,8 отсто во периодот јануари - јуни 2013 година , во однос на истиот период минатата година. Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење камен во јуни 2013 година, во однос на јуни 2012 година, бележи пораст од 6,7 отсто, во секторот Преработувачка индустрија пораст од 1,9 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 2,7 отсто.
XS
SM
MD
LG