Достапни линкови

Бан Ки-Мун: Белград и Приштина да ги решат болните прашања


Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун денеска ги повика властите во Белград и во Приштина за расветлување на судбината на исчезнатите лица и за откривање на сите воени злосторства.Во редовниот тримесечен извештај за ситуацијата во Косово, кој се однесува на периодот од 23 април до 15 јули, Бан неведува дека за да биде целосен процесот на нормализација на односите меѓу Белград и Приштина потребно е да се решат „болните прашања“. „Приоритетно треба да биде расветлувањето на судбината на исчезнатите лица и покренување на судска одговорност за сите извршители на воени и други злосторства“ посочува генералниот секретар.
XS
SM
MD
LG