Достапни линкови

Крушево го оживува Илинденското востание


Крушевчани по 5-ти пат ги оживуваат ликовите и настаните од Илинденското востание и Крушевската република за време на манифестацијата Крушево Етно град.

Крушевчани облечени во гардероба на поранешните момоци и чорбаџии, на богатите аги и бегови, во традиционална, народна, но и во модерна облека за периодот од пред еден век, деновиве како во голема театарска претстава на повеќе сцени во градот, аматерски не водат низ овој времеплов. За сите туристи вистинско доживување е манифестацијата Етно град, која се одржува по 5-ти пат. Се пее, игра, се слушаат народни, но и староградски македонски песни, во кафулињата, рестораните служат момци и девојки во народни носии, по улиците може да се сретне „Никола Карев, Питу Гули, комитите“ од Илинденското востание и Крушевската република...
Оваа е практично гардероба која ја носел Никола Карев како даскал. Ова е на преминот од 19 во 20 век, кога започнува да навлегува во Крушево модата „ала франка“, се заменуваат оние традиционални, национални облеки со нешто помодерно и ова е токму тоа“,

„Оваа е практично гардероба која ја носел Никола Карев како даскал. Ова е на преминот од 19 во 20 век, кога започнува да навлегува во Крушево модата „ала франка“, се заменуваат оние традиционални, национални облеки со нешто помодерно и ова е токму тоа“, вели Никола Јованоски, професор по македонски јазик во крушевската гимназија.
Еснафска вечер во рамки на манифестацијата Етно град, која се одржува по 5-ти пат во Крушево.

Еснафска вечер во рамки на манифестацијата Етно град, која се одржува по 5-ти пат во Крушево.


Раздвиженост се чувствува секаде. Една недела додека трае манифестацијата исчезна политичката боја, сите крушевчани живеат со оваа манифестација.

„Сите ние советниците сме облечени како во старите времиња, значи сакаме да го прикажеме Крушево, како живееше во дамнешните времиња“.

„Додека трае Крушево Етно град, според активностите, според задачите така излегуваме ние советниците, дел од Општината, облечени во народни носии“, велат советнички од Општината.
Сите возрасти од најмалите до најстарите крушевчани облечени во традиционална староградска носија, во традиционална народна носија, онака како што се живеело во 19 век, масовно се вклучени во оваа манифестација, приредуваат своевидно дефиле.

Носител на манифестацијата е Историскиот Музеј во Крушево, од каде што соопштуваат дека официјално се вклучени преку 50-ина граѓани, но постојано расте бројот на младите кои бараа национална облека која сакаат да ја носат во периодот додека трае Етно град.

„Успеваме на еден сценско драматизиран настан да ги претставиме сите карактеристики и специфики кои останале како траги во времето и просторот на битисувањето на познатата крушевска чаршија, познатите крушевски трговци, архитектурата“, објаснува директорот, Зоран Богески.

Оваа манифестација е финансиски поддржана од Министерството за култура и од Општина Крушево со по 2.000 евра.

Целта на манифестацијата е како што вели градоначалникот, Крушево да се промовира од повеќе аспекти пред домашните и странски туристи, но од друга страна да се евидентираат и поголеми економски бенефити на чаршијата, угостителството, трговските дуќани... за што голем придонес имаат сите граѓани.

„Сите возрасти од најмалите до најстарите крушевчани облечени во традиционална староградска носија, во традиционална народна носија, онака како што се живеело во 19 век, масовно се вклучени во оваа манифестација, приредуваат своевидно дефиле“, истакнува градоначалникот Ѓорѓи Дамчески.

Во рамки на манифестацијата отворени се 5 изложбени поставки со стари реквизити, буриња, бочви, со стари фотографии, штофови и свили од кои се шиела модерната гардероба пред 100 и повеќе години, специјалитети на храна, автентични за крушевчани, како и ракотворби.

„На Етно саемот сега овој ред повеќе изложбено е, па правиме англиња, блузи,ракавици, ѓердани, се што е ново, се изработуваме, ама некако пазаров не оди, сите што идат жалат, велат убаво е, ама пари немаме“, вели Магде Петреска, жител на Крушево.

Манифестацијата трае до крајот на месецов. Според очекувањата на организаторите годинава треба да продефилираат многу повеќе до минатогодишните 5.000 туристи.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG