Достапни линкови

Заглавен иранскиот увоз поради спор меѓу институции


Ирански државен службеник соопшти дека земјата го запрела увозот поради недостиг на готовина. Иранските медиуми ја пренесуваат изјавата на шефот на комисијата за увоз Махид Реза Харири кој изјавил дека во изминативе 25 дена нема доволно готовина за покривање на увозот поради спор меѓу централната банка и иранското министерство за економија. Тој предупредил дека доколку не се реши спорот, Иран ќе се соочи со недостиг на храна и лекови.
XS
SM
MD
LG