Достапни линкови

logo-print

ВМРО - ДПМНЕ очекува сензибилност во случајот со Кежаровски


Новинарите протестираа против продолжувањето на притворот на новинарот Томислав Кежаровски

Новинарите протестираа против продолжувањето на притворот на новинарот Томислав Кежаровски

ВМРО-ДПМНЕ денеска апелираше случајот со новинарот Томислав Кежаровски, кој веќе трет месец е во притвор, политички да не се злоупотребува и побараа Јавното обвинителство и судските органи со „поголем степен на сензибилност“ да пристапат и да ги разгледаат сите аспекти на случајот. „Со внимание го следиме случајот Кежаровски, кој очигледно има сериозен и значаен сензибилитет за нашето општество од аспект на состојбите на медиумите и на политичката борба што и ние ја водиме од аспект на подобрување на стандардите и аспектите на работа на новинарите и медиумите “ изјави пратеникот на владеачката партија Илија Димовски. Во меѓувреме, пратениците од опозицијата денеска во парламентот се појавија во црни и бели маички со натпис „Слобода за Кежо“, кои им ги доставија новинарите во саботата на сите парламентарци преку собраниската портирница. Од одборот апелираа до сите пратеници, независно од партија, да ги носат маиците во знак на солидарност.
XS
SM
MD
LG