Достапни линкови

Сноуден може да биде префрлен во цетар за бегалци


протести за подршка на Едвард Сноуден во Германија

протести за подршка на Едвард Сноуден во Германија

Претставник на руските миграциски служби изјави дека поранешниот соработник на американските тајни служби Едвард Сноуден може да биде испратен во центар за бегалци во близина на Москва, додека 29 годишниот хакер чека одговор на поднесеното барање за привремен азил во земјата. Шефицата на националниот миграцискои сервис Олга Кирилова додаде дека нема миграциски центри во главниот град. Во неделата организацијата соопшти дека не би било безбедно да му се дозволи на Сноуден слободно да се движи низ Москва доколку не му е одобрено барањето за азил. Американците бараат екстрадиција на хакерот кој е обвинет за шпионажа и откривање на доверливи информации. Сноуден повеќе од еден месец е заглавен во трансфер зоната на рускиот аеродром поради поништен пасош.
XS
SM
MD
LG