Достапни линкови

Власта и опозицијата не можат да се договорат за ништо


Членовите на Комисијата која ќе ги истражува настаните од 24 декември. Екс претседател на Комисијата професор Борче Давитковски. Останатите членови на Комисијата -Благородна Дулиќ и Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ и Рената Треновска Десковска и Љубомир Фрчкоски од СДСМ.
Членовите на Комисијата која ќе ги истражува настаните од 24 декември. Екс претседател на Комисијата професор Борче Давитковски. Останатите членови на Комисијата -Благородна Дулиќ и Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ и Рената Треновска Десковска и Љубомир Фрчкоски од СДСМ.

Комисијата за истражување на настаните од 24 декември засега не работи, додека се чека нов претседател, експертите се сомневаат дека странец би ја завршил работата.

Засега нема најава за продолжување на работата на Комисијата за истражување на настаните од 24 декември, откако неодамна од неа си поднесе оставка претседателот на комисијата Борче Давитковски. Извори од ВМРО-ДПМНЕ информираат дека меѓу партиите има редовни контакти, но дека засега нема најава за нова средба на комисијата.
Во ваква ситуација кога се обидуваат да ја избалансираат работата, во стилот- малку вие виновни, малку ние виновни, што е глупост, затоа што е јасно кој е виновен, јасно е кој ги дал наредбите, а вие гледате дека веднаш од старт започнуваат со избалансиран извештај и во таква ситација таа комисија е тотално непотребна.
Едмонд Адеми, политиколог.

Дел од аналитичарите пак велат дека мисијата на комисијата да понуди балансиран извештај, а не да го пронајде виновникот е погрешна.

„Во ваква ситуација кога се обидуваат да ја избалансираат работата, во стилот- малку вие виновни, малку ние виновни, што е глупост, затоа што е јасно кој е виновен, јасно е кој ги дал наредбите, а вие гледате дека веднаш од старт започнуваат со избалансиран извештај и во таква ситација таа комисија е тотално непотребна“, вели политикологот Едмонд Адеми.
Претседателот на комисијата за 24 декември, професор Борче Давитковски се сретна со претседателот Ѓорге Иванов да му ја врачи оставката.
Претседателот на комисијата за 24 декември, професор Борче Давитковски се сретна со претседателот Ѓорге Иванов да му ја врачи оставката.

Партиите не можат да донесат одлука со консензус, бидејќи за настаните од 24 декември има две вистини, едната на ВМРО-ДПМНЕ и другата на СДСМ. Тие две вистини постојано ќе бидат манипулирани на страната која ќе им одговара на двете партии, вели аналитичарот Кире Василев.
Ако проблемот се решава со странци тоа ќе биде присилно решен проблем, формално ќе биде решен меѓутоа односите ќе останат исти, антагонизирани и лоши.
Кире Василев, политички аналитичар.

„Работата на Комисијата на мене ми изгледаше како фингирана работа, однапред обмислена за да се решат техничките работи кои не се многу битни, најбитното прашање за уставноста на целиот проблем остана нерешен, така да двете вистини ќе бидат манипулирани и извртувани на страна на која ќе им одговара на двете партии.“

Адеми се сомнева дека дури и кога на чело на комисијата би застанал претставник на меѓународната заедница, комисијата би проработела и би дала резултати.

Тоа што ние чекаме некој однадвор да дојде да ни ги реши домашните проблеми зборува за ниското ниво на политичка комуникација и волја на нашите политичари самите да преземат одговорност, вели Адеми.

„Ако биде странец, тоа треба да биде некој со голема политичка тежина, а не некој административец од кабинетот на Филе, на Ештон или од не знам каде.“

Надворешниот фактор само делумно би го решил проблемот со блокадата на работата на комисијата, но тоа би било само фасада. Меѓупартиските односи и понатаму ќе останат лоши, вели Василев.

„Проблемот навистина треба да се реши, во поглед на тоа што двете страни треба да седнат, да се договорат и да ја надминат оваа ситуација. Ако проблемот се решава со странци тоа ќе биде присилно решен проблем, формално ќе биде решен меѓутоа односите ќе останат исти, антагонизирани и лоши.“

Оставката на Давитковски експертите ја толкуваа како знак дека партиите не можат да постигнат договор и тоа негативно ќе се одрази врз евроинтеграциите на Македонија.Тогаш Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ побара средба со колегите од Комисијата со цел продолжување на дијалогот и дискусиите поврзани со процесот на работа на телото, но и со конкретнo продолжение на седниците. Од СДСМ одговорија дека ако Комисијата можела да заседава без претседател, тоа ќе можела да го направи од 16 март па наваму.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG