Достапни линкови

Секојдневието на притворените во Шевенинген


Центарот за притвор во Шевенинген во близина на Хаг не е обичен затвор. Просечната возраст на луѓето во него е над 60 години. Тие се подобро образовани и имаат помалку кривични казни отколку другите затвореници. Од 1995 година престојуваа над 140 обвинети за воени злосторства во поранешна Југославија. Српскиот експретседател Слободан Милошевиќ почина во Шевенинген, а сега таму својата одбрана ја подготвуваат Ратко Младиќ и Радован Караџиќ. За нивното секојдневие зборува Фрејзер Гилмор, командант на притворскиот оддел.

„Ќелиите се отклучуваат во седум часот наутро и тие имаат слободен пристап во крилото каде што се притворени се до 20 часот и 30 минути кога повторно се заклучуваат“, вели командантот на Центарот за притвор во Шевенинген, Фрејзер Гилмор во разговор со дописникот на Радио Слободна Европа Рикард Јозвијак за тоа како им минува секојдневието на притворениците.

„За тоа време тие имаат пристап до заедничките простории каде што можат да се сретнуваат и со другите притворени. Тоа е можност за нив да готват за себе доколку тоа го сакаат. Им даваме три оброци дневно, но тие имаат можност да готват се разбира за свои пари.“

Гилмор додава дека имаат програма на настани преку целиот ден, меѓу другото и да спортуваат, но и да посетуваат курсеви.

Немаат интернет. Им даваме да користат компјутери, но само за пристап во дигатилните документи на Хашкиот трибунал како помош во подготовка на одбраната. Тие немаат пристап кон социјалните мрежи.
„Сепак, повеќето од нив, времето го минуваат главно за подготовка на одбраната“, вели Гилмор, кој додава дека притворените примаат дневници.

„Тоа е мала сума пари што им се дава за да ги покријат трошоците за телефонски разговори со семејствата. Врските со најблиските се многу важни за некој што е во притвор.“

Фрејзер Гилмор додава дека притоа се води сметка и за директните контакти меѓу притворениците и нивните семејства. Запрашан колку често роднините можат да ги посетуваат тој одговара:

„Ние сме доста великодушни во врска со ова прашање. Дозволуваме посети седум денови по ред на секои триесет дена, што не можете да го сретнете во националните правни правосудства.“

Тоа, како што наведува Гилмор, е поради фактот што семејствата на притворените живеат далеку и што мораат да патуваат во Хаг. Сепак, не им е дозволено со најблиските да комуницираат преку интернет.

„Им обезбедуваме телевизија во нивните ќелии. Имаат сателитски телевизии од сите земји од поранешна Југославија. Немаат интернет. Им даваме да користат компјутери, но само за пристап во дигатилните документи на Хашкиот трибунал како помош во подготовка на одбраната. Тие немаат пристап кон социјалните мрежи“, вели Фрејзер Гилмор кој потсетува дека по затворањето на Хашкиот трибунал за воените злосторства во поранешна Југославија оние што ќе бидат осудени затворските казни ќе ги одлежат во други земји.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG