Достапни линкови

По три години прекин, израелско-палестински мировни разговори


Архивска фотографија: Немири на Западниот Брег.

Архивска фотографија: Немири на Западниот Брег.

Американскиот Стејт департмент соопшти дека денеска во Вашингтон треба да продолжат мировните разговори меѓу Палестинците и Израелците. Соопштението беше објавено вчера по средбата на државниот секретар Џон Кери со палестинските и израелските претставници. Од израелска страна, на разговорите учествуваат министерката за правда Ципи Ливни и Јицак Молчо, а Палестинците ќе бидат претставувани од главниот преговарач Саеб Ерекат и Мухамад Штаје. Израелската влада вчера одлучи да ослободи 104 палестински затвореници во знак на добра волја. Израелско-палестинските разговори беа прекинати во 2010 година, откако Израел одби да прекине со проширување на доселеничките населби во Западниот Брег.
XS
SM
MD
LG