Достапни линкови

Ештон во посета на Египет


Протест на поддржувачите на Морси во Египет.

Протест на поддржувачите на Морси во Египет.

Шефицата за надворешна политика на ЕУ, Кетрин Ештон, денеска треба да се сретне со шефот на египетската армија, генерал Абдел Фатех ал-Сиси и со привремениот претседател на земјата Адли Мансур. Таа исто така планира да се сретне и со претставници на Муслиманското братство на соборениот египетски претседател Мохамед Морси. Ештон доаѓа во Египет по крвавиот викенд во кој беа убиени повеќе од 70 демонстранти, поддржувачи на Морси. Состојбата во земјата е тензична, откако армијата го собори Морси на почетокот на месецов. Неговите поддржувачи протестираат барајќи тој да биде ослободен од притвор и да се врати на претседателската функција. Ештон изјави дека Муслиманското братство треба да биде вклучено во политичките процеси во Египет.
XS
SM
MD
LG