Достапни линкови

Најмалку 10 ранети во две големи експлозии во Бенгази


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Најмалку 10 луѓе се ранети во две големи експлозии што одекнаа синоќа во близина на зградата на судот во градот Бенгази на истокот на Либија. Според властите, напаѓачите фрлиле експлозивна направа под еден автомобил паркиран пред судот. Стотици луѓе потоа излегоа на улиците барајќи прекин на насилствата во градот. До експлозијата доаѓа еден ден откако повеќе од 1000 луѓе избегаа од затворот во Бенгази. Минатиот месец во Бенгази загинаа повеќе од 30 луѓе во судирите меѓу демонстрантите и провладините милиции.
XS
SM
MD
LG