Достапни линкови

Тетовската локална самоуправа поделена по етничка основа


Совет на општина Тетово.

Совет на општина Тетово.

По три месеци од конституирањето на Советот на општина Тетово се избра и претседател. На чело на Советот е поставен Хисен Џемаили. Опозицијата се противи на неговиот избор.

Македонците и Албанците поделени по партии во Тетово на етничка основа се договорија како да владеат со локалната самоуправа. Двете партии кои ќе учествуваат во власта признаа дека овој период се договарале во насока да се најде заеднички јазик. По три месеци од конституирањето на Советот се избра и претседател, а избран беше Хисен Џемаили. За да го раководи Советот, тој доби поддршка од 12-те советници на матичната партија ДУИ како и 5-те на ВМРО-ДПМНЕ кои го оформија мнозинството.
Досега се чекаше да се најде најсоодветното решение за да профункционира Советот на општина Тетово и на крај успеавме да се договориме за сите прашања кои ги тангираат партиите со кои веќе имаме коалиција во Советот на општина Тетово.

„Досега се чекаше да се најде најсоодветното решение за да профункционира Советот на општина Тетово и на крај успеавме да се договориме за сите прашања кои ги тангираат партиите со кои веќе имаме коалиција во Советот на општина Тетово“, вели новоизбраниот претседател на Советот Џемаили.
Хисен Џемаили, претседател на Советот на општина Тетово.

Хисен Џемаили, претседател на Советот на општина Тетово.


Градоначалничката Теута Арифи соопшти дел од договорот. Посочи колку раководни места ќе добијат Македонците, односно ВМРО-ДПМНЕ.

„Партнерите на ниво на општината не се договорија за ништо освен за поделба на власта внатре во општинската администрација според гласовите што ги добија на локалните избори. Станува збор за двајца раководители на сектори и еден
За мултиетничките процеси во Тетово ќе беше најбитно ако градоначалникот е од албанска националност, претседателот на Советот требаше да биде избран од македонската националност.
заменик раководител на сектор. Директорските места кои досега беа раководени од директори Македонци ќе продолжат и понатака така да бидат раководени од нивна страна и ќе отвориме процес за реорганизирање на јавните комунални претпријатија. Исто така и градинката ќе има двајца директори“, изјави Теута Арифи, градоначалничка на Тетово.

Советникот Драган Давидовски од ВМРО Народна партија, кој по петти пат е избран за советник, смета дека токму со етничката поделба на функциите може да се унапредува мултикултурализмот во Тетово. Поради тоа го критикуваше изборот на Џемаили, сметајќи дека ВМРО ДПМНЕ требало да го добие ова место.

„За мултиетничките процеси во Тетово како мултиетнички град ќе беше најбитно ако градоначалникот е од албанска националност, претседателот на Советот требаше да биде избран од македонската националност, поточно како најголема партија нели, требаше изборот да падне на претставник од ВМРО-ДПМНЕ.“

И опозиционата ДПА беше против изборот на Џемаили, бидејќи сметаат дека договорот меѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ содржи непознати детали.
XS
SM
MD
LG