Достапни линкови

logo-print

Анти-македонски пароли за Груевски при посетата на Бугарија


Macedonia - Protests in front of a joint session of Prime Ministers of Macedonia and Bulgaria, Nikola Gruevski and Plamen Oresharski, Kyustendil, Bulgaria.

Macedonia - Protests in front of a joint session of Prime Ministers of Macedonia and Bulgaria, Nikola Gruevski and Plamen Oresharski, Kyustendil, Bulgaria.

Бугарскиот премиер Пламен Орешански и премиерот Никола Груевски денеска одржа заедничка прес-конференција во пограничниот бугарски град Ќустендил по неформалната заедничка мини седница на владите на двете земји.

На плоштадот пред зградата на општина Ќустендил, во која се случува средбата, протест одржува мала група припадници на партијата ВМРО на Красимир Каракачанов кои имаат истакнато антимакедонски пароли.

„Бугарија го поддржува членството на Република Македонија во НАТО и ЕУ, но и натаму инсистира на договорот за добрососедство и соработка. Му подвлеков на премиерот дека за надминување на постоечките недоразбирања добро би било да организираме заедничко чествување на одредени историски настани и личности кои различно се толкуваат во двете земји“, изјави Орешански.

Според него, определени разлики на политички и надворешно-политички план не треба да бидат никаква пречка за развој на меѓусебните односи на трговски план и на инфраструктурното поврзување што е важно за подобро живеење на двете земји.

Премиерот Груевски средбата ја оцени како значаен придонес кон заедничките напори за унапредување на добрососедските односи меѓу Македонија и Бугарија од кои може да произлезат идеи, проекти и решенија, како и исчекори кои значително ќе ги развиваат релациите.

Неформалната заедничка мини владина седица на владите на Македонија и на Бугарија е подготовка за официјалната заедничка меѓувладина седница која треба да се одржи до крајот на годинава.

Македонија на почетокот од јуни одржа заедничка владина седница со Владата на Србија, а иницијатива за вакви заеднички седници од македонска страна се упатени и до властите во Албанија и во Косово. Целта на овој вид на средби е давање дополнителен импулс за унапредување на односите со државите во регионот.
XS
SM
MD
LG