Достапни линкови

logo-print

Во Украина уапсени активистки на Фемен


Три активистки на украинскотот феминистичко движење Фемен и еден руски фотограф ја поминале ноќта во притвор, откако вчера биле уапсени во Киев. Фемен денеска соопшти дека нивните активистки и фотографот вчера попладне биле киднапирани од улиците на Киев од непознати напаѓачи во цивилна облека. Полицијата, пак, соопшти дека тие биле приведени поради непочитување на полициска наредба и се соблекле топлес. Трите активистки се соочуваат со обвиненија на ситно хулиганство, а фотографот за непочитување полициски службеник. Тие се соочуваат со 15 дена затвор. Фемен тврди дека нивните активистки биле тепани и малтретирани во пресрет на посетата на рускиот претседател Владимир Путин во Украина. Путин во Украина присуствува на прославата на 1025 години од прифаќање на христијанството во тогашната Киевска Рус, која го опфаќала Украина, Русија и Белорусија.
XS
SM
MD
LG