Достапни линкови

logo-print

Неделен печат - Жртви, наредбодаватели и спорот за името


Фокус бара барок музеј за жртвите на ВМРО-ДПМНЕ, Глобус пишува дека наредбодавателите се како муви без глава, а Република го анализира спорот за името и констатира дека Грција купува време.

Фокус - Барок музеј за жртвите на ВМРО-ДПМНЕ
Еден ден ќе треба да се изгради барем уште еден нов Музеј на плоштадот. Нека биде и во барок ако треба. За жртвите на ВМРО-ДПМНЕ ќе го личи да е баш таков!

Музеј на жртвите на ВМРО-ДПМНЕ предлага Фокус, веројатно инспириран од приведувањето на Паско Кузман, миленикот, како што сметаат многумнина, на премиерот Груевски, со обвинение за злоупотреба на службената должност. Лигавоста, премолчената согласност, компонирањето панагирици за моќниците од страна на „чудната експертска и медиумска сорта што ја има Македонија“ му дозволи на овој режим да изнедри доволно жртви за солидна конкуренција на оној поради кој беше замислена лустрацијата. Веќе е јасно, посочува иронично Фокус, дека еден ден ќе треба да се изгради барем уште еден нов Музеј на плоштадот. Нека биде и во барок ако треба. За жртвите на ВМРО-ДПМНЕ ќе го личи да е баш таков!
Паско Кузман.

Паско Кузман.


Народната мудрост има изрека и за тоа: „Се однесува како мува без глава“... не само поради вината и одговорноста, туку и затоа што стануваат свесни дека се гледа крајот на диктаторското владеење, на моќта, самоволието и леснотијата со кои неказнето се „играат“ со судбини на луѓето и со иднината на државата.
Глобус - Наредбодавателите како муви без глава

Он-лајн магазинот Глобус пишува за „Мувите без глава“ за големото пријателство на првите луѓе од Владата со Субрата Рој, за тоталниот ќорсокак во кој владетелот/ите ја доведоа државата по седум години инфантилно владеење, за смислената изолација од ЕУ и НАТО, за лустрирањето на починати и живи академици, на кои, како што пишува, не им се ниту до колена, за апсењето новинари... Примитивизмот и суровоста со која владетелот/ите се однесуваат кон неистомислениците во Македонија, повеќе прилегаат на диктатура во некоја банана држава. Силата и присилата не ја покажуваат моќта, туку немоќта на наредбодателите. Народната мудрост има изрека и за тоа: „Се однесува како мува без глава“... не само поради вината и одговорноста, туку и затоа што стануваат свесни дека се гледа крајот на диктаторското владеење, на моќта, самоволието и леснотијата со кои неказнето се „играат“ со судбини на луѓето и со иднината на државата - заклучува Глобус.

Република - Грција купува време

На пет месеци пред грчкото претседавање со ЕУ, Република смета дека во таа земја се случува „привидна хибернација зачинета со калкулација“. Додека од својот кабинет дава редица изими за радикално кратење на јавната администрација, премиерот Самарас, креаторот на „скопскиот“, проблем, а по негов налог и грчката дипломатија се во привидна, спонтана фаза на длабока летна хибернација во однос на Македонија. Преку своите гласници од грчките медиуми, Самарас веќе најави двомесечен молк и мораториум. Министерот за надворешни работи, Венизелос, во меѓувреме парадираше во Брисел и молчеше за сè што е поврзано со името и со преговорите. Купувањето време од Атина, како и секогаш е добро пресметано. Дипломатското надмудрување продолжува, како и калкулациите. На терминот му претходат и следуваат настани што ќе ѝ помогнат на Грција во купопродажбата во која главен артикл на пазарење се иднината и идентитетот на соседот, предвидува Република.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG