Достапни линкови

Турското МНР бара дипломати што знаат курдски јазик


Турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу.

Турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу.

Министерството за надворешни работи на Турција за првпат започна именување на дипломати, што го зборуваат курдскиот јазик. Тоа значи давање можност за напредување во кариерата на вработените со курдско потекло. Според дипломатски извори, иницијативата е поврзана со процесот на мирно решавање на курдското прашање, што турската Влада го почна минатата година и претставува важна фаза за негово реализирање, пренесува БТА.

Неодамна турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу изјави дека турските дипломати ги зборуваат и се служат со англиски, француски и германски јазик.

„Имаме итна потреба од службеници, кои зборуваат курдски, руски, кинески и хебрејски јазик“, изјавил министерот.

Во системот на турското МНР се организираат курсеви по руски, кинески и хебрејски јазик, но нема курсеви по курдски јазик.

Според експертите, курдскиот јазик има многу варијанти и различни дијалекти. Се тврди дека единствен курдски јазик нема, а постојат околу 400 дијалекти.
XS
SM
MD
LG