Достапни линкови

logo-print

Протести и контра протести во Египет - 72 загинати


Жртви од протестите во Египет.

Жртви од протестите во Египет.

Египетското Министерство за здравство соопшти дека бројот на жртви од судирите меѓу безбедносните сили и демонстрантите во Каиро се искачи на 72. Немирите кои почнаа во петокот навечер, а продолжија и вчера, беа најлошите по соборувањето на исламистичкиот претседател Мохамед Морси на 3 јули годинава. До насилствата дојде кога демонстрантите што бараат враќање на Морси на власт се судрија со полицијата и со вооружени контра демонстранти. Поддржувачите на Морси денеска најавија дека ќе ги продолжат протестите и покрај насилствата. Американскиот државен секретар Џон Кери во вчерашното соопштение оценува дека ова е клучен момент за Египет и ги повика сите страни да преземат чекори за смирување на состојбата.
XS
SM
MD
LG