Достапни линкови

logo-print

Машиновозачот од Шпанија денеска пред суд


Најголемата железничка несреќа во Шпанија во последните 70 години.

Најголемата железничка несреќа во Шпанија во последните 70 години.

Машиновозачот на возот што во средата излета од шините при голема брзина во близина на градот Сантијаго де Компостела во Шпанија, при што загинаа 78 луѓе, денеска треба да биде изведен пред истражен судија. Судот треба да одлучи дали 52-годишниот машиновозач Франциско Гарзон ќе биде обвинет за несреќата. Шпанскиот Министер за внатрешни работи Хорхе Фернандез Диаз соопшти дека е можно Гарзон да се соочи со обвиненија за убиство од небрежност. Полицијата веќе соопшти дека тој се сомничи за невнимателно управување на возот кој се движел со брзина поголема од пропишаната, при што излета од шините. Mашиновозачот вчера излезе од болница каде што беше згрижен поради повреди на главата, но останува во полициски притвор. Додека бил во болница одбивал да одговори на прашањата на полицијата. Ова е најголемата железничка несреќа во Шпанија во изминатите 70 години.
XS
SM
MD
LG