Достапни линкови

logo-print

Осум ирачки полицајци убиени во бомбашки напад


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Осум полицајци загинаа утрово, а деветмина се повредени во напад на полициски конвој со автомобил бомба извршен од страна на бомбаш самоубиец во градот Туз Хурмату во Ирак. Автономниот курдски регион сака да го добие и овој град под своја управа. Овој месец во Ирак беа убиени повеќе од 720 луѓе. Во меѓувреме, претставник на Северната нафтена компанија информира дека поради бомбашки напад извршен вчера во близина на Мосул е запрен протокот низ нафтоводот Киркук-Чејхан. Според компанијата, ќе бидат потребни 72 часа за да се поправи штетата.
XS
SM
MD
LG