Достапни линкови

logo-print

Избран нов Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ


Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната редовна седница го избра новиот состав на Извршниот комитет на партијата поради истекот на двегодишниот мандат на актуелните членови на ова партиско тело. Исто така беше констатиран и истекот на мандатот на актуелниот генерален секретар Кирил Божиновски кој по негово лично барање ја ослободи оваа партиска функција останувајќи и понатаму на позицијата генерален секретар на Владата и член на новиот состав на Извршниот комитет на партијата, соопшти прес-службата на ВМРО-ДПМНЕ.

Во новиот состав на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, освен дел од личностите од претходниот состав, ќе членуваат и личности кои досега не биле дел од ова партиско тело. Членови на новиот состав на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ се: Љупчо Трпевски, Благоја Деспотовски Ташко, Никола Бакрачески, Зоран Илиовски, Никола Поповски, Кирил Божиновски, Мартин Протоѓер, Зоран Ставревски, Гордана Јанкуловска, Владимир Пешевски, Силвана Бонева, Илија Димовски, Антонио Милошоски, Никола Тодоров, Сашо Мијалков, Владимир Ѓорчев, Коце Трајановски, Зоран Горгиевски, Ашим Зекировски и Момчило Аврамовски.

За нов генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, кој по функција е член и на Извршниот комитет, е избран Емил Димитриев.

Во составот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ членуваат по функција и претседателот на Унијата на млади сили и претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.
XS
SM
MD
LG