Достапни линкови

Грчката криза го отежнува решавањето спорот за името


Амбасадорот Дејвид Пирс.

Амбасадорот Дејвид Пирс.

Новоименуваниот американски амбасадор во Грција, Дејвид Пирс, во сведочењето пред Комисијата за надворешни работи на американскиот Сенат, синоќа изјави дека економската криза во Грција ја отежнува можноста за решавање на спорот за името со Македонија, пренесува МИА. Пирс беше прашан од сенаторот Кристофер Марфи дали кризата во Грција значи дека е полесно или потешко да се решат споровите со Македонија и статусот на поделениот остров Кипар.

„Економијата во Грција е во многу тешка состојба. Многу е тешко политички за која било Влада да се справи со состојба во која економијата се намалила за 24 проценти. Грците направија напредок и важно е да работиме со нив да им помогнеме да поминат низ овој, за нив, многу тежок период. Спорот за името трае над 20 години, и е многу тешко прашање. Се надеваме дека амбасадорот Метју Нимиц ќе може да направи напредок. Ги поддржуваме неговите напори и се надеваме дека ќе се најде решение кое би било взаемно прифатливо за двете страни и тоа би било добро за регионална стабилност и интеграциите во евро-атлантските институции. Улогата на САД е да биде присутна, ангажирана, да набљудува, рапортира и да им даде можност на одговорните во Вашингтон да ги имаат информациите кои им се потребни“, изјави предложениот амбасадор Пирс.
XS
SM
MD
LG