Достапни линкови

Експлодира бомба под полициски автомобил во Тунис


Демонстранти носат фотографија на убиениот опозициски политичар Мухамад Брахми.

Демонстранти носат фотографија на убиениот опозициски политичар Мухамад Брахми.

Експлодира бомба поставена под еден полициски автомобил во градот Тунис, неколку часа пред погребот на познатиот опозициски политичар Мухамад Брахми кој беше убиен завчера. Полицијата соопшти дека бомбата која била далечински активирана предизвикала материјална штета, но оти нема мртви и повредени. Туниската влада вчера соопшти дека Ал Каеда е одговорна за атентатот врз секуларниот Брахми. Министерството за внатрешни работи соопшти дека осомничениот убиец се сомничи и за друго убиство на опозициски политичар во февруари и оти во двата случаи било користено исто оружје. Многумина Тунижани ја обвинуваат умерено исламистичката влада на земјата поради слабата безбедност по Арапската пролет во 2011 година.
XS
SM
MD
LG