Достапни линкови

logo-print

Ердоган против автономен курдски регион во Сирија


Илустрација: Сирија.

Илустрација: Сирија.

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган го предупреди водачот на Курдите во Сирија да не создава автономен курдски регион во северниот дел на Сирија. Турски владини претставници се сретнаа со Салех Муслим, лидер на Демократската унија, која е сириски огранок на забранетата турска Курдска работничка партија. Ердоган ги потврди извештаите за состанок, велејќи дека „опасните дејствија“ на Демократската унија ќе биде на дневен ред. Сириските Курди направија брз напредок во северниот дел на Сирија претходно оваа недела. Курдите сочинуваат околу 10 проценти од вкупното население на Сирија, а повеќето живеат во северниот дел на Сирија. Во 2012 година, силите на сирискиот претседател Башар ал-Асад се повлекоа од областите населени претежно до Курди, а за безбедноста во тие области сега е задолжена курдската милиција.
XS
SM
MD
LG